• Саше Љолес
Кошаркарскиот новинар Донатас Урбонас пишува дека македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс е најблизу до премин во грчкиот гигант и сѐ уште актуелен европски шампион, Панатиниакос.
Иако деновиве се шпекулира за трансфер на Шортс во НБА тимот на Мемфис Гризлис, сепак, Урбонас и „Basketnews" објавија дека ПАО е во пол позиција за неговиот потпис, а повеќе детали се очекуваат во следните денови.
Сезонава Шортс покажа дека е меѓу најдобрите плејмејкери во Евролигата играјќи за францускиот Париз Баскет, со што го привлече вниманието на неколку гиганти, вклучително и неколку НБА екипи.
Доколку потпише за „детелинките“ од Атина, за него тоа ќе биде голем скок во кариерата и ќе има можност да настапува за еден од најтрофејните клубови на стариот континент.