Ништо од „метлата“ за Уникс, феноменалниот Нено ја покори Москва

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан не ѝ дозволија на ЦСКА Москва со „метла“ да ги елиминира во финалето на ВТБ лигата и успеаја да намалат на 3-1 во серијата. 

Нашиот Нено одново беше вистински предводник на актуелниот шампион и прикажа извонредна игра која ја „зачини“ со учинок од 27 поени, додека кај ЦСКА најдобар поединец беше Мело Тримбл со девет поени помалку од Македонецот. 

Уникс барем за момент го расипа славјето на московскиот тим и сега повторно ја сели серијата во Казан, каде ќе се обиде да намали на 2-3 и евентуално да стигне до историски пресврт, нешто што ѝ нема појдено од рака на ниту една екипа досега. 

За Димитријевиќ ова се последни натпревари во дресот на рускиот тим, затоа што од следната сезона ќе настапува за италијанскиот евролигашки гигант, Олимпија Милано.