• Зоран Мишевски

Непријатни вести за македонската кошарка стигнаа од Данска. Во драматичен финиш Словачка ја победи Данска со 71-72, откако во последната минута постигна четири поени и пораз претвори во победа. Словаците сега имаа скор 4-2, но и подобар скор во меѓусебните дуели со Македонија, па само победа против елиминираната Норвешка не води во квалификациите, со оглед на тоа што веројатно, во случај на пораз, нема да се најдеме меѓу најдобрите две второпласирани селекции.
Целиот натпревар изобилуваше со пресврти и многу грешки, за на крај да пресуди индивидуалната класа на најдобриот словачки кошаркар, Бродзиански.
Најефикасен во данската репрезентација беше Јукиќ со 21 поени, а кај Словачка се истакна Бродзиански со 29 поени.
Разврската од претквалификационата група ќе биде позната по завршувањето на натпреварот во Осло меѓу Норвешка и Македонија. Овој дуел почнува во 18:00 часот.