Ништо ново во мак-баскетот: МЗТ по 11. пат е шампион на Македонија

Екипата на МЗТ Скопје во третиот натпревар од финалната серија успеа да слави над Пелистер (67-78) и со „брејкот“ во Битола ја затвори серијата до три победи, па така се круниса за старо-нов шампион на Македонија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и МЗТ Скопје:

Пелистер ги мачеше „штрковите“ едно полувреме кога резултатот беше тесен и неизвесен, но потоа искуството на противникот и подолгата ротација си го сторија своето. Главната разлика аеродромци ја направија кога во последниот период се влезе во мини-серија и се замина на 57-66. Во финишот фаворитот поведе и двоцфрено благодарение на добриот шут за три (60-74).

Најдобри кај МЗТ Скопје беа Гилон и Баковиќ со по 15 постигнати поени, додека Петков и Делалиќ имаа по 11 поени, а двоцифрен беше уште и Војдан Стојановски со 10 поени. Кај Пелистер, Мијовиќ и Костовски и Костоски дадоа по 19 поени.

За МЗТ Скопје ова беше единаесетта титула во последните дванаесет шампионати. Единствен кој успеа да ја прекине доминацијата на тимот на домашната сцена беше Работнички, кој во 2018 година стана шампион.