ВИДЕО: Никси урнаа рекорд, го декласираа Бруклин со 54 поени разлика!

Кошаркарите на Њујорк Никс го срушија рекордот на франшизата и ја забележаа најголемата победа во историјата, откако славеа во локалното дерби со Бруклин Нетс 120-66 во НБА лигата. 

  • Њујорк Никс - Бруклин Нетс:

Уште на стартот на средбата Никси се наметнаа и по првата четвртина поведоа со 38-20. Во продолжението предноста продолжи да се зголемува, а Бруклин целосно се распадна во завршницата и во последниот период уфрли само десет поени. На крајот Нетси го завршија мечот со неверојатно ниски 66 постигнати поени. Најефикасни на средбата беа Брансон со 20 и Шамет со 18 поени, додека кај Бруклин Портер уфрли 12 поени. 

Висок гостински триумф забележа и шампионот Оклахома Сити Тандер кај Милвоки Бакс (102-122). Шеј Гилџус Александер блесна, го заврши мечот со 40 поени и 11 асистенции и го водеше тимот до победата, а кај Бакси најдобар беше Јанис Адетокумбо со 19 поени и 14 скока. 

  • Милвоки Бакс - Оклахома Сити Тандер:

На останатите терени победи забележаа Кливленд, Бостон, Атланта, Детроит и Торонто.