Николов: Се вратив во репрезентацијата, таму каде што припаѓам

На паркетот во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ од првиот тренинг, а за првпат како дел од сениорскиот национален тим се појавија Андреј Јакимовски, Марко Миловановиќ, Филип Бакоч и Виктор Ефремовски.

Во репрезентацијата повторно е и Кристијан Николов, кој уште во 2012 година во пресрет на предолимпискиот турнир во Венецуела, беше дел од сениорите.

„Чувството е одлично. По доста години сум назад во репрезентацијата, би рекол, се вратив таму каде што припаѓам. Се надевам дека во овие квалификации ќе биде како што треба, и дека ќе се пласираме на Евробаскетот“, вели Николов.

Филип Бакоч е еден од оние кои за првпат во кариерата го добија повикот од селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров.

„И со Естонија ќе ни биде тешко. Играат и се доста брзи. Но мислам дека имаме поквалитетен состав. Знам дека сите ќе дадеме максимум. Факт е дека подмладувањето ќе донесе и некои тешки денови. Но ќе работиме напорно и ќе се вратиме на европската сцена“, вели Бакоч.

Полека се продаваат билетите за натпреварот против Естонија и се предводува одличен кошаркарски амбиент за стартот на квалификациите за Евробаскетот.