Николов се врати во позната средина и потпиша со турски Капаклиспор

Македонскиот кошаркар и повремен репрезентативец, Кристијан Николов, официјално е нов член на турскиот клуб, Капаклиспор.

Плејмејкерот заминува во Турција од редовите на скопскиот Работнички, а оваа земја нема да му претставува непознаница, затоа што во минатото настапуваше за уште неколку тимови како Галатасарај, Коњаспор, Истанбул ББ и Соџар Петким. 

Во Македонија ги бранеше и боите на МЗТ Скопје, со кој стигна до две шампионски титули, во 2021 и 2022 година.