ВИДЕО: Луда тројка на Николиќ со звукот на сирената, Будуќност го освои Белград

Будуќност се радуваше во пресметката од АБА лигата против Партизан со 99-101, откако српскиот и црногорскиот тим играа две продолженија. Средбата во „Халата на спортови“ беше неизвесна од самиот почеток и ниту еден тим не се одлепуваше, а Данило Николиќ беше вистински херој на Црногорците.

  • Извештај од натпреварот: 

По изедначениот старт и размената на поени, Будуќност беше тимот кој прв стигна до поосетна предност од +5, но не успеа да ја материјализира. Домаќинот силно парираше и не дозволуваше одлепување, па во неколку наврати успее да израмни, ама не и да поведе, а на пауза гостите водеа со 41-46.

Слично се играше и во второто полувреме, Будуќност водеше и контролираше, но Партизан никако не се откажуваше. Тоа се исплати на старот и со серија од 9-0 српската екипа поведе. Завршната минута понуди трилер завршница, а Будуќност остана без двајца важни играчи поради пет фаули и натпреварот отиде во продолжение.

Продолженијата очекувано беа целосно изедначени, а откако по првото повторно беше нерешено, победникот се бараше по вторпат со пет дополнителни минути. Будуќност беше пред победа со плус два, ама Коди Мекинтајер погоди од неверојатна позиција за три поени и предност на својот тим. Фантастична тројка постигна и Николиќ кој за секунда и три десетинки успеа од аут да круниса со поени за победа на гостувањето во Белград.

  • Одлучувачката тројка на Николиќ: 

Најефикасен играч на средбата беше Кобс од Будуќност со 27 поени, а во чекор го следеше Јарамаз од Партизан со 24, додека зад нив беше херојот Николиќ со 21.