Николиќ: Одигравме добар натпревар, победа во АБА лигата заслуживме и многу порано

Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа голема победа против Цедевита Олимпија (79-74), што е прва под водство новиот предводник Драган Николиќ.

Стручњакот на прес-конференцијата потврди дека е задоволен од постигнатиот резултат, одново ја пофали атмосферата во салата и зборуваше за следниот период на клубот.

„Ова беше добар натпревар. Мислам дека заслуживме некоја победа и претходно, но тие не дојдоа. Имавме средби кои беа и под сите критериуми, но се надевам дека тие се веќе во минатото. Игравме против одлична екипа, Цедевита Олимпија, вие знаете какви резултати бележи овој тим под водство на Големец. Тие имаат успеси во АБА лигата, а играат и во Еврокупот, каде што може да играат и во следната фаза. Цедевита е меѓу клубовите кои според мене се господски, на чело со Тедеско, кој вложува доста. Не сакам да се повторувам за какви навивачи има МЗТ Скопје, емотивно сум испразнет по завршувањето на натпреварот. 

Ќе видиме како ќе оди во иднина, нè очекува „вечното дерби“ со Работнички, а потоа и Морнар. Имав шанса во минатото да следам едно историско финале со Работнички, знам што значи тоа дерби. Се случија промени кај нив, се очекува нивно враќање на добри патеки. Ние не сме во иста позиција со останатите македонски клубови, знаете колку е тешка АБА лигата и играчите се потрошени. Сепак, тоа не е алиби, тоа се нашите околности и ќе се обидеме да извлечеме максимум. Го гледавме натпреварот против Студентски центар, играчите ја видоа таа брука и срамота. Благодарем сум на сите за поддршката што ми ја давате“, заврши Николиќ.

За само два дена МЗТ Скопје го очекува пресметката со Работнички во домашното првенство, а на десетти февруари следи гостувањето кај Морнар во Бар.