• Саше Љолес
Центарот на Олимпијакос и српски репрезентативец, Никола Милутинов, оствари значајно достигнување во својата кариера, влегувајќи во елитното друштво на десетте најдобри скокачи во историјата на Евролигата. До овој подвиг дојде по натпреварот со Олимпија Милано, на кој запиша пет скока и ја подигна својата вкупна бројка на 1.514 скокови .
Со тоа Милутинов се позиционира на десеттото место на вечната листа, а меѓу активните играчи се наоѓа на шестото место. Пред него се наоѓаат имиња други славни имиња како Анте Томиќ, Јанис Бурусис, Брајант Данстон, Николо Мели, Фелипе Рејес, Јан Весели, Кајл Хајнс, Валтер Таварес и рекордерот Паулиус Јанкунас .
Милутинов ја продолжува и доминацијата во тековната сезона, во која просечно бележи 8,1 скок по натпревар, што го прави најдобар скокач во Евролигата во моментот .
Според аналитичарите, неговото искачување на листата не е завршено, со оглед на тоа што уште е активен и се наоѓа во одлична форма - реално е да се очекува дека во наредниот период ќе напредува уште повисоко на оваа вечна листа.









