Никола Малешевиќ експресно се раздели со Цибона

Поранешниот кошаркар на Пелистер, Никола Малешевиќ, по само неколку месеци се раздели со екипата на Цибона

Искусниот српски кошаркар одигра само седум натпревари за хрватската екипа по доаѓањето ова лето. 33-годишникот имаше четири настапи во првенството на Хрватска, како и три во АБА лигата. Сепак, бргу дојде до крај на соработката по взаемен договор на двете страни. 

Клубот преку социјалните мрежи му се заблагодари и му посака среќа во понатамошната кариера. 

Инаку, Малешевиќ настапуваше во македонското првенство за Пелистер од 2020 година до ова лето, а важеше за еден од најдобрите играчи во битолскиот тим.