Никола Јокиќ „службено“ ја губи трката за МВП признанието?

Никола Јокиќ е под знак прашалник за последниот натпревар на НБА лигата, а негово евентуално неиграње би значел крај на надежите за нова МВП награда.

Денвер Нагетс реши да ги одмори клучните играчи во дуелот со Сан Антонио Спарс, а единствен исклучок е Јокиќ кој е означен како неизвесен. За да остане во конкуренција за индивидуалните признанија, српскиот центар треба да одигра најмалку 15 минути.

Денвер влегува во натпреварот како третопласиран тим на Западот со скор 53-28, но постои сценарио во кое може да падне на четвртото место, доколку загуби, а Лос Анџелес Лејкерс слави против Јута Џез.

Во таборот на Сан Антонио неизвесни се Виктор Вембањама, Стефон Касл и Девин Васел, но Французинот на претходниот натпревар го достигна условот за натпревари за индивидуално признание.

Овој натпревар може директно да влијае на распоредот во плеј-офот, бидејќи третата позиција носи дуел со Минесота Тимбервулвс, додека четвртата води кон пресметка со Хјустон Рокетс.