„Никола Јокиќ е најдобар кошаркар по Мајкл Џордан“

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, знае кој е за него најдобриот кошаркар на светот и еден од најголемите досега.

Гркот не го избра сонародникот Јанис Адетокумбо, како што може да се очекува, туку Никола Јокиќ. Познат по тоа што искрено ги искажува своите мислења, без да бега од негативната реакција на јавноста, Јанакопулос уште еднаш беше баш таков.

Под една објава на Инстаграм напиша дека толку многу го цени Јокиќ што го рангира веднаш зад легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Мајкл Џордан.

„Никола Јокиќ е најдобриот играч по Мајкл Џордан“, напиша Јанакопулос.

Јокиќ има 29 години и досега е трикратен освојувач на МВП признанието, а еднаш беше и шампион во НБА лигата.