Никола Ивановиќ ја замени Црвена Звезда со клуб од ВТБ лигата

Шампионот на Србија и вицешампион во АБА-лигата, Црвена Звезда ја распродаде скоро ецла екипа. Последен кој замина од Белград е Црногорецот Ивановиќ, кој денес го официјализираше својот нов клуб.

Никола Ивановиќ по две сезони се прости од Црвена Звезда. Искусниот плејмејкер кариерата ќе ја продолжи во Москва, во членов на ВТБ лигата Руни. Ивановиќ најпрво се поврзуваше со клубови од Италија, но во меѓувреме стигна профитабилна понуда од Русија, која ја прифати.

Душко Ивановиќ во новата сезона нема да може да смета ни на Добриќ, Кампацо, Вилдоса...