Никој не верува во Мајами, ЛА Лејкерс изразит фаворит во НБА финалето

Majami

Обложувалниците имаат јасен фаворит кога е во прашање финалната серија во НБА лигата. Тоа е екипата на Лос Анџелес Лејкерс која ќе се соочи со Мајами Хит во финишот од сезоната 2019/20.

Леброн Џејмс ќе игра за четвртиот шампионски прстен и ќе игра против својата поранешна екипа. Пет Рајли ќе сака да му се одмазди за заминувањето од Флорида, па поради тоа овој дуел има посебно значење за кошаркарските фанови.

Групата предводена од Ерик Сполстра игра одлично во овогодишниот плеј-оф. Досега успеа да направи неколку изненадувања и да се пласира во големото финале, првпат по деновите на Леброн во редовите на „жешките“. 

Сите очи ќе бидат вперени во Орландо во наредните неколку дена кога ќе се одиграат воведните натпревари од финалната серија. Поголемиот дел од експертите типуваат на Лејкерси, но не сакаат така лесно да го отпишат одличниот тим на Мајами.

Вечерва се игра првиот натпревар на кој ќе може да се процени каква серија ќе очекуваме во наредниот период.