Никој не слушнал за него, а тој е вториот најбогат кошаркар зад Мајкл Џордан

Бриџман

Малкумина кошаркарски фанови се сеќаваат на Улисес Ли Бриџман. Неговото име не значи ништо за пошироката јавност, а во минатото беше дел од трампата која го однесе Карим Абдул Џабар во Лос Анџелес Лејкерс.

Познат под прекарот „Џуниор“, овој бек беше избран за осми пик на драфтот во средината на 70-те години. Бакси во негова чест го повлекоја дресот со број „2“, поради неговите настапи во период од десет години.

Интересна приказна се рашири во американските медиуми, која кажува за неговиот животен пат и како стигнал до огромно богатство. За разлика од останатите НБА ѕвезди, кои се познати по лошиот распоред на финансиите, Бриџман успеал да купи три ресторани на „Венди“, ланец кој во тој период не беше толку познат.

Додека играл професионална кошарка, тој се вработил во еден од нив. Неговата империја во Соединетите Американски Држави брои 162 објекти, на тоа додаде 120 ресторани за мексиканска храна и фабрика која полни „Кока-Кола“.

Неговото богатство се проценува на 600 милиони долари и го прави втор најбогат кошаркар на сите времиња, зад Мајкл Џордан. Легендата на Чикаго се проценува на две милијарди долари, кои ги заработи со договорот со „Најк“.