• Мартин Танасковски
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс и официјално ја продолжи соработката со Остин Ривс, кој потпиша нов четиригодишен договор вреден 185 милиони долари и ќе остане дел од славниот НБА клуб.
Со новиот договор, 28-годишниот бек стана најплатениот кошаркар во историјата на НБА кој никогаш не бил избран на драфтот. Ривс пристигна во Лејкерс во 2021 година, а сезоната 2026/27 ќе биде негова шеста во дресот на тимот од Лос Анџелес.
Во минатата сезона настапи на 51 натпревар, од кои на 45 беше стартер. Во просек бележеше 23,3 поени, 4,7 скока, 5,5 асистенции и 1,1 украдена топка за 34,5 минути по натпревар. Со просекот од 23,3 поени, Ривс го забележа најдобриот шутерски учинок меѓу сите недрафтувани играчи уште од сезоната 1985/86, кога легендарниот Мозес Мелоун просечно постигнуваше 23,8 поени.
Во богатата историја на Лејкерс, подобар просек од Ривс меѓу недрафтуваните кошаркари има само легендарниот Џорџ Мајкан, кој во сезоната 1951/52 во просек постигнуваше 23,8 поени.
