• Саше Љолес
Шпанскиот кошаркарски гигант, Реал Мадрид, ja освои 38. шампионска титула во домашното првенство, откако во финалната серија ја збриша Валенсија со „метла“ и конечни 3-0 во победи.
Покрај рекордниот трофеј на „кралевите“, во историјата на шпанската кошарка влезе и легендарниот Серхио Љуљ, кој се закити со вкупно 25. трофеј во кариерата.
За Љуљ ова беше деветта титула во Ендеса лигата, а има уште девет во Суперкупот и седум во Купот на Кралот. 37-годишниот Љуљ е вистинска икона на клубот за кој настапува од далечната 2007 година, а претходно играше само за екипата на Манреса.
ФОТО/PHOTO: Real Madrid Basket/Facebook
