• Зоран Мишевски
АБА-вицешампионот Црвена Звезда го потврди трансферот на кошаркарот, Ник Вајлер-Баб кој дојде од турскиот состав Анадолу Ефес.
Белграѓани истакнаа дека неколку тимови од Евролигата го барале бекот, но тој изразил желба да игра за српскиот гигант. Вајлер-Баб во изминатата сезона имаше просек 7,7 поени, 4,8 асистенции и 3,4 скока во 37 натпревари во Евролигата.
Тој е шесттото летно засилувањ за „црвено-белите“ кои ги купија: Крис Џонс, Џонатан Мотли, Дејвид Кремер, Патрик Болдвиќ и Воин Медаревиќ.