Ник Калатес ќе ја засили плејмејкерската позиција во Барселона

Ник Калатес

Медиуми блиски до Барселона пренесуваат дека Ник Калатес постигнал договор да се пресели во „Палау Блауграна“ од наредната сезона.

Искусниот плејмејкер ќе заигра во каталонскиот клуб и ќе потпише тригодишен договор, а ќе добие 5,5 милиони евра. За соработката да биде официјална, Гркот ќе мора да го раскине договорот со Панатинаикос, но тоа не се очекува да му биде проблем, поради финансиските проблеми на клубот.

За 31-годишникот се интересираше Олимпијакос, како и Анадолу Ефес, Реал Мадрид, Зенит и ЦСКА Москва.

Калатес ќе го пополни празното место кое ќе го остави Малколм Дилејни, кој не доби продолжение на договорот. Тој важи за одличен организатор на играта, кој беше најдобар асистент во Евролигата во тековната сезона (9,1 асистенции).

Најголем хендикеп во неговата игра е шутот за три поени каде има 28,1% реализација.