ВИДЕО: Нигериец го „почести“ Дурант со „банана“ за која брујат социјалните мрежи!

Кошаркарската селекција на Соединетите Американски Држави ги разочара своите фанови на стартот од подготовките за Летните олимписки игри. Големиот фаворит за златниот медал на собирот во Токио, забележа неочекуван пораз од селекцијата на Нигерија, со резултат 90-87.

Нигеријците одиграа квалитетен и борбен натпревар, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува најголемата ѕвезда на Соединетите Американски Држави, Кевин Дурант. Американскиот ас при една акција тргна на забивање, но пред него се исправи Прешс Ачиува кој со одлична одбрана не дозволи атрактивна завршница на противникот.

  • „Бананата“ на Ачиува над Дурант:

Најдобар поединец кај Нигеријците беше Габе Винсент со 21 поени. Тој постигна шест тројки и беше најефикасен на теренот. Кај фаворитот Кевин Дурант постигна 17, а Џејсон Татум 15 поени.