• Зоран Мишевски
Голема победа за кошаркарите на Минесота во серијата против Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од НБА-плеј-офот. „Езерџиите' се одлепија на десет поени разлика во последната четвртина, имаа и +7 на неколку минути до крајот, но Минесота стигна до победа и предност од 3-1 во серијата. На крајот резултатот од вечерашниот луд натпревар гласеше 116-113.
Еден од клучните детали на натпреварот се случи на пет минути до крајот кога Рендл непотребно го фаулираше Лука Дончиќ. Словенецот доби три слободни фрлања и ги доведе Лејкерси на 104-97. И покрај тоа, неверојатната енергија на Минесота наговестуваше пресврт. Рид погоди тројка, па Едвардс три слободни фрлања за предност на домашниот тим. Тројката на Хачимура ја поништи Рид, а по феноменалната блокада на Леброн Џејмс, следуваше контра на Лејкерси и тројка на Фини-Смит за 113-111.
Сепак, Остин Ривс направи лоша лична грешк. Минесота поведе, а по серијата грешки во самата завршница, Едвардс ги погоди слободните фрлања за 116-113, Лејкерс го имаа последниот напад, Ривс шутираше од аголот, но промаши и започна домашното славје.
Ентони Едвардс натпреварот го заврши со 43 поени, 9 скока и 6 асистенции, а Рендл додаде 25. На другата страна 38 поени запиша Дончиќ, 27 постигна Леброн, а 23 стоеја крај името на Хачимура.