ВИДЕО: Незадржливиот Мареј со 50 поени обезбеди „мајсторка“ за Денвер

Мареј

Првата серија од овогодишниот НБА плеј-оф која ќе се одлучува во седми натпревар е онаа меѓу Јута Џез и Денвер Нагетс. Џамал Мареј ѝ помогна на својата екипа да се избори за „мајсторка“ со 50 поени во вчерашната победа од 119-107.

Одличниот шутер на Нагетси ја продолжи серијата одлични настапи и беше незадрлив за  цврстата одбрана на „џезерите“. На спротивната страна свое шоу имаше Донован Мичел кој заврши со 44 поени, но на крај го напушти теренот фрустриран поради конечниот резултат.

  • Извештај од натпреварот: 

Јута беше подобра само во првиот квартал, а потоа сите три четвртини до крајот им припаднаа на кошаркарите од Колорадо. На моменти беше неизвесно, но пресуди серијата тројки на Мареј во завршницата, и тоа од тешка позиција, кои беа доволни за радост на Денвер.

Никола Јокиќ беше солиден и помогна со 22 поени и девет асистенции. Патникот во полуфиналната фаза и противникот на Лос Анџелес Клиперс ќе биде познат за два дена, кога е закажан седмиот натпревар.

Клиперси претходно го елиминираа Далас на Лука Дончиќ по шест меча и победија со 4-2.