ВИДЕО: Невидена „магија“ на Дончиќ – даде табла-кош со рамо!

Екипата на Далас Маверикс извојува сигурна победа над Лос Анџелес Клиперс во претсезоната на НБА лигата (122-114), но овој дуел ќе биде запаметен по магичниот кош на Лука Дончиќ за време на загревањето.

Словенечкиот ас како и секогаш беше расположен за атракција, ама овој пат изведе досега невидена, затоа што погоди табла-кош со – удар со рамо!. По атрактивниот поен на Дончиќ следуваше еуфорија кај соиграчите и присутната публика.

Словенецот одигра неполни 18 минути и забележа девет поени, осум скока и исто толку асистенции.