• Саше Љолес
Бразилскиот ветеран, Марселињо Уертас и натаму продолжува да игра кошарка. На големо изннадување, 41-годишникот потпиша нов двегодишен договор со екипата на Тенерифе.
Ова значи дека откако соработката ќе заврши, Уертас ќе има полни 43 години, но очигледно уште нема намера да се збогува со својата голема љубов и ќе продолжи активно да се занимава со кошарка.
Славниот Уертас беше дел од многу екипи, како Хувентуд, Билбао, Фортидудо Болоња, Барселона, Лос Анџелес Лекерс, Басконија и Сао Паоло. Важи за еден од најлегендарните кошаркари во Шпанија и тој е рекордер по бројот на асистенции во Ендеса лигата.
Има еден трофеј во Лигата на шампионите, а дури три пати беше биран во најдобрата петорка. Еднаш се закити и со МВП-титулата во натпреварувањето на ФИБА, a има и три титули во шпанската Ендеса лига.