• Саше Љолес
Шампионот на АБА лигата, Дубаи, официјално го ангажираше грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија, кој ја напушти Барселона откако, според информациите, самиот ја активирал неговата откупна клаузула вредна околу еден милион евра.
Искусниот крилен центар во каталонскиот клуб помина само една сезона, но остави солиден впечаток. Во Евролигата одигра 34 натпревари со просек од 12,4 поени и 4,6 скока, а во шпанското првенство запиша уште 40 настапи.
Со неговото доаѓање, Дубаи добива кошаркар со богато европско искуство и еден од најквалитетните играчи на својата позиција.
Клубот од Обединетите Арапски Емирати очекува Шенгелија да биде еден од лидерите на тимот во претстојната сезона и значајно засилување во амбициите за настап на највисоко ниво.
