• Горан Упале
Сан Антонио Спарс својата петта последователна победа ја забележа со стил, бидејќи го декласира ослабениот Лос Анџелес Лејкерс со 136-108, а натпреварот го одбележа нереалниот Виктор Вембањама.
Францускиот ас постигна 40 поени, вклучувајќи 37 во првото полувреме, израмнувајќи го рекордот на сезоната и поставувајќи го најефикасното полувреме (55-84) во НБА лигата оваа натпреварувачка година. Тоа е исто така најефикасното полувреме од играч на Спарси во 21. век. Вембањама шутираше 12/17 од поле, погоди три тројки и додаде 12 скока, и помина само 27 минути на паркетот. Тој стана само третиот играч во последните педесет сезони што постигнал најмалку 40 поени за 27 минути или помалку.
Без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Деандре Ајтон, Остин Ривс и Маркус Смарт - практично целата прва петорка - Лејкерси беа лесен плен за освојувачот на пет шампионски прстени. Лук Кенард и Дру Тими беа најефикасни за гостите со по 14 поени.
Ефикасен натпревар одиграа и екипите на Њујорк Никс и Индијана Пејсерс. Овој дуел заврши со победа на гостите по продолжение. Пејсерси славеа со 134-137, откако регуларниот дел заврши со 124-124.
На останатите натпревари Феникс беше сигурен против Далас, додека Клипарси загубија на гости кај Хјустон Рокетс.






