• Горан Упале
Никола Јокиќ ги оправда очекувањата и ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.
Тој имаше учинок од 19 поени, 12 скока и 11 асистенции и со тоа стана само четвртиот играч кој забележал „трипл-дабл“ на Олимписките игри. А во историјата на Олимписките игри „трипл-дабл“ запишаа само Александар Белов во 1976 година, Леброн Џејмс во 2012 и 2024 година, Лука Дончиќ во 2020 година и Никола Јокиќ денес.
Но, тоа не е сè, Јокиќ моментално е најдобар по сите клучни параметри на Игрите во Париз, бидејќи има најмногу - поени, скокови, асистенции и украдени топки. Дали тоа ќе биде доволно за признанието МВП на кошаркарскиот турнир во Париз ќе дознаеме вечерва, по завршувањето на вечерашното финале меѓу Франција и Соединетите Американски Држави.