Неверојатниот млад Французин на дело: Промаши тројка, па атрактивно заби! (ВИДЕО)

Виктор Вембањама е име кое се очекува допрва да одекне во светската кошарка. Младата француска ѕвезда, која настапува за Метрополитан, одново привлече внимание, а се работи за потег во натпреварот против Монако (87-68). 

Вембањаја имаше обид за три поени, го промаши шутот и успеа да стигне до одбиената топка и веднаш во скокот да ја забие во обрачот. 

  • Неверојатниот потег на Вембањаја против Монако: 

Инаку, Вембањаја има само 19 години, висок е 220 сентиметри и речиси сигурно ќе биде прв пик на НБА-драфтот кога ќе дојде време да се појави на него. Во моментов за Метрополитан сезонава има просек од 21 поен, 9,7 скока и 3,2 блокади во француското првенство.