ВИДЕО: Неверојатниот Леброн Џејмс имаше време да зборува со судиите, пред да поентира

Леброн Џејмс поени

Судиските одлуки беа проблем за Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс по првите три натпревари во конференциското финале на Западот. 

Екипата од „Стејплс Центар“ испрати писмо и жалба до лигата и побара коректен однос кон најдобриот кошаркар на денешницата. За да нема никаква потреба од нови реакции се погрижи самиот Леброн, кој при еден влез уште пред да ја заврши акцијата, побара од судиите дополнително слободно фрлање.

„Кралот“ го заврши мечот со 38 поени, 16 скока и десет асистенции и беше најзаслужен за елиминацијата на Денвер Нагетс од овогодишниот плеј-оф. 

Следен противник за Лејкерси ќе биде победникот од источното финале во кое Мајами Хит има 3-2 против Бостон Селтикс.