ВИДЕО: Неверојатна трансформација - Јокиќ конечно доби атлетски изглед

Српскиот кошаркар од Денвер Нагетс, Никола Јокиќ веднаш по доаѓањето во НБА лигата се најде на мета на медиумите. Неговата градба на телото беше далеку од атлетска, па за тоа често добиваше критики. 

Јокиќ сепак, со своите добри партии ги придоби симпатиите на фановите, а очигледно карантинот одлично влијаел на него. Кошаркарот се врати во Србија и ги изненади сите со својот изглед. 

  • Видео од Јокиќ во Белград: 

НБА лигата ќе се врати на 31 јули во Орландо, а Јокиќ изгледа подобро од било кога. Тој има намалено со сигурност околу 20 килограми, што се очекува да му помогне во неговата игра.