ВИДЕО: Неверојатна кошаркарска тепачка, судијата додели 13 исклучувања, летаа и столчиња!

Во квалификациите за Светското првенство во Кина изби неверојатна кошаркрска тепачка, која го заврши мечот предвреме поради домашниот состав кој остана без доволен број на играчи.

Ваква брутална тепачка не се памети. Пред крајот на третиот период, при водство на гостите (48-79), по жесток дуел на двајцата плејмејкери од Австралија и Филипини, настана вистински хаос.

По неколкуминутниот прекин судијата исклучи 13 кошаркари, се играше „3 на 5“, па следеше ново исклучување поради фаул, а судијата мораше да означи крај поради недоволен број на играчи на теренот, при резултат 53-89.