• Саше Љолес
Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас продолжува да воодушевува на кошаркарските терени и во својата 43. година од животот.
Плејмејкерот на Тенерифе одигра уште еден маестрален натпревар, предводејќи го својот тим до убедлива победа над Сарагоса (99-76), со што уште еднаш потврди дека годините за него се само број.
Уертас повторно беше лидер на паркетот, диктирајќи го темпото на играта и демонстрирајќи врвна визија и креативност, по што е препознатлив во текот на целата кариера. За само 21 минута на паркетот, забележа учинок од 20 поени, три скока и три асистенции, стигнувајќи до највисок индекс на корисност - 23.
И покрај тоа што е еден од највозрасните активни играчи на ова ниво, искусниот Бразилец и натаму игра на високо ниво и претставува клучна алка во тимот на Тенерифе, потврдувајќи ја својата „неуништлива“ форма.
