ВИДЕО: Неспортски потег за осуда – Вестбрук за малку сериозно не го повреди Дончиќ

Дончиќ Вестбрук

Лука Дончиќ се радуваше во директниот дуел со Расел Вестбрук. Плејмејкерот на Далас ја предводеше својата екипа во победа и покрај монструозната вечер на противникот.

Овие двајца беа дел од мал инцидент на натпреварот. Словенецот тргна да забива, а Вестбрук направи тежок фаул и го спречи лесно да поентира. При падот, младиот кошаркар можеше сериозно да се повреди, но имаше среќа, па стана и продолжи да игра.

Ѕвездата на Визардси се погрижи да му се извини за овој потег:

Далас и Вашингтон се обидуваат во самиот финиш од сезоната да изборат место во плеј-ин турнирот, преку кој ќе бидат познати последните четири учесници во доигрувањето.

 

Најнови вести од
НБА, САД