ВИДЕО: Неспортски потег за осуда – Грин „за влакно“ сериозно не го повреди Ленард

Грин Ленард

Дрејмон Грин се врати во екипата на Голден Стејт Вориорс и продолжи да го прави она што најдобро знае - да реди технички грешки и да предизвикува проблеми на теренот.

Негова последна „жртва“ беше Каваи Ленард кој имаше многу среќа што помина неповреден од оваа ситуација. При влез да поентира, кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс беше пречекан од противникот, кој му ја фати раката и беше виновен за стравичниот пад.

Првично се чинеше дека Ленард ќе има последици, но набрзо се исправи и побара објаснување од Грин.

Овој неспортски потег не е новост во играта на Дрејмонд кој знае да биде груб, особено во моментите кога неговата екипа не игра најдобро.