Неспортски потег на Брукс: Пејтон заработи скршеница на лактот! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мемфис Гризлис славеа во вториот дуел против Голден Стејт Вориорс (106-101) и ја израмнија серијата. 

Сепак, сенка на резултатот фрли потегот на Дилон Брукс врз Гери Пејтон. Кошаркарот на Вориорси одеше сам кон кошот да положи и поентира, а ривалот од Гризлис тргна грубо и неспортски го спречи. Епилогот од ситуацијата беше кобен за Гери Пејтон кој заработи скршеница на лактот.

  • Прекршокот на Брукс врз Пејтон: 

Снимките по натпреварот ги потврдија лошите вести, а се очекува магнетна резонанца по која ќе се знае подетално за повредата.