Неславно деби на Пелистер во АБА2, лошата трета четвртина го чинеше пораз од Ловќен

Вториот македонски претставник во АБА2 лигата, Пелистер, имаше неславно деби во регионалното кошаркарско натпреварување и со убедлив пораз ја започна својата прва интернационална авантура во историјата.

„Зелено-белите“ доживеаја дебакл на првиот натпревар од „балонот“ во Златибор, затоа што натпреварот со Ловќен Цетиње го загубија со убедливи 108-85.

Првите десет минути не навестиуваа висок пораз на пелистерци, затоа што момците на Илиевски одиграа сосема квалитетно и на првата мала пауза заминаа со негатива од само три многу дупки, па противникот одлично го искористи тоа и во финалните десет минути влезе со позитива од 27 поени разлика. Ништо не се промени ниту во финишот па Пелистер на крај мораше да се задоволи со пораз од 23 разлика.

Повратникот од повредата Малешевиќ со 21 поен беше најдобриот поединец во македонскиот клуб, Кесар имаше 14, а капитенот Трајковски 14 поени. 

Во второто коло од турнирот на Златибор, Пелистер в петок ќе се сретне со екипата на Сутјеска.