Неправдата е исправена: Анадолу Ефес првпат е шампион во Евролигата!

Турски Андолу Ефес е нов шампион во Евролигата. „Пиварите“ во финалето на Ф4-турнирот во Келн ја совладаа Барселона (81-86) и дојде до првото злато во историјата на кошаркарската Евролига.

  • Извештај од натпреварот: 

Поранешниот клуб на Петар Наумоски лани беше најдобриот клуб во Европа според формата. Пандемијата со коронавирусот му ги скрати крилјата, многумина тоа го гледаа како неправда, ама избраниците на Атаман останаа сталожени и оваа година го направија она кое не успеаја лани поради други фактори.

Дуелот со Барселона беше крајно изедначен. Каталонскиот тим имаше свои блесоци и беше далеку подобар во првото полувреме, додека во вториот дел Ефес се врати и се приреди драматичен финиш. Во последниот квартал разликата за триумф дојде кога од 72-72, Ефес се одлепи на 74-79 и ниту еднаш на шпанскиот тим не му дозволи да му се приближи во ситуација да го сврте мечот.

  • Церемонијата на новиот европски шампион:

Најдобар во триумфот беше српскиот интернационалец Василије Мициќ со 25 поени, пред Шејн Ларкин со 21 поен. Кај Барселона лидер беше Кори Хигинс со 23 постигнати поени.

За Ефес ова е прво злато во Евролигата. Претходно тимот играше на Ф4-турнирот уште трипати, а еднаш го освои среброто (2018/19), а двапати бронзата (1999/00 и 2000/01).