ВИДЕО: Неправда на вечното дерби, Ц. Звезда со ТРОЧЕКОР ја одбрани титулата! 

„Црвено-белиот“ дел од Белград слави нова шампионска титула на Црвена Звезда, додека „црно-белиот“ е бесен на големата неправда која се случи на вечерашниот петти натпревар од финалната серија на кошаркарското финале на српскиот шампионат. 

Партизан беше пред израмнување на 2-2 против вечниот ривал, но во самиот финиш Берон ја презеде одговорноста и постигна кош, вреден титула за звездашите, но истиот е далеку од регуларен. Еден од најдобрите кошаркари за Црвена Звезда го измами својот директен противник, но при постигнувањето на клучниот поен направи три чекори, што е недозволено во кошаркарската игра. Сепак, судиите остана неми и Црвена Звезда ја грабна својата петта во низа и 20-та титула во клупската историја.

Контроверзниот поен на Берон на дуелот меѓу Партизан и Црвена Звезда: