Непосакуван инцидент во финишот: Навивачите на МЗТ погодија играч на Широки (ВИДЕО)

МЗТ

Македонскиот првак МЗТ Скопје го надигра босански Широки и обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во АБА2 лигата. Тоа значи дека аеродромци од наредната сезона ќе се вратат во елитата на регионалното натпреварување.

>>> МЗТ Скопје успеа и по четири години се врати во елитната АБА-лига!

Немил инцидент се случи во последната минута од натпреварот. Домашните навивачи, кои беа одлични во текот на целиот натпревар, направија глупост и со тврд предмет погодија еден од гостинските играчи.

Средбата на момент беше прекината. До крајот имаше 50 секунди, во кои МЗТ успеа да се одбрани и да запише конечен триумф од 75-71.