ВИДЕО: Неодамна го примија во „Куќата на славни“, а сега се степа на баскет!

Во Чикаго на отворањето на новата сезона во американската „BIG3“ лига, се случи сериозен инцидент меѓу двајца поранешни НБА играчи, Двајт Хауард и Ленс Стивенсон. Средбата помеѓу Лос Анџелес Рајотс и Мајами 305 беше во сенка на физичкиот судир што избувна помеѓу двајцата кошаркари. Сѐ започна со вербална расправија, но многу брзо премина во директен физички конфликт.

Играчите и судиите на теренот се обидоа да ја смират тензијата, но ситуацијата целосно излезе од контрола. Стивенсон и Хауард го продолжија конфликтот и надвор од теренот, во делот кај трибините, каде публиката беше приморана да се повлече заради безбедност.

Инцидентот фрли дамка на самиот старт на сезоната, а посебна тежина му дава фактот што Хауард неодамна беше примeн во Куќата на славните заедно со Кармело Ентони нешто што ваквото однесување го прави уште понеприфатливо.