• Саше Љолес
Управата на Бостон Селтикс донесе необична одлука и реши да го „испрати“ Џејсон Тејтум да тренира и настапува во развојната НБА лига (G League). Ова е дел од планот на клубот за негово постепено враќање по сериозната повреда, со што се смета дека нема веднаш да биде изложен на голем притисок и физички напор.
Во развојната лига, Тејтум ќе добие можност да работи на физичката подготовка и да ја враќа својата физичка форма.
Тејтум важи за еден од главните играчи и e вистинска ѕвезда на Бостон. Во тимот е од 2017 година и стана вистинска икона на клубот, а воедно се закити и со шампионската титула во 2024 година.






