Нено: Во Уникс сум клучен играч, овој клуб е вистинскиот избор за мене

Феноменалниот Ненад Димитријевиќ ја игра најдобрата сезона во редовите на Уникс Казан и е вистински лидер на својот тим, а за тоа доволно говори и неговата статистика. 

Популарниот Нено е еден од милениците на навивачите на кои им возврати со брилијантни настапи, a особено брилираше на последните натпревари (17 поени против ЦСКА на четврти февруари, 23 поени против Локомотив, 38 поени против ЦСКА на петти март, 32 поени против Зенит). 

„Кога го раскинав договорот со Валенсија, знаев дека ќе продолжам во Уникс. Понудата за официјален договор ја прифатив без премногу размислување. Тука станав клучен играч во тимот, но имам и прекрасни колеги кои оставија голем печат. Успеавме да ја освоиме титулата, а управата ги задржа сите странци, што е огромна реткост за овој клуб. 

Летово имав и други понуди, но знаев дека вистинскиот избор е Уникс. Јас бев последниот што го продолжи договорот и многу ми е драго што го задржавме ростерот, вклучително и сите драги лица од стручниот штаб“, изјави Димитријевиќ во опширно интервју за „Меридиан Бет““. 

Нашиот Нено беше клучен играч и во македонската репрезентација, која на последниот натпревар ја торпедираше Полска и славеше со огромни 71-96. Плејмејкерот на Уникс на овој меч забележа 32 поени, осум скокови и осум асистенции. 

Целото интервју на Ненад Димитријевиќ можете да го прочитате на ОВОЈ линк.