Нено скромен во победата кај Барса, Ц. Звезда го изненади Олимпијакос!

Кошаркарите на Олимпија Милано забележаа голема победа на гостувањето кај Барселона (81-94) во 15. коло на Евролигата. Италијанскиот тим предводен од расположениот Зек Ледеј кој уфрли 33 поени се радува во „Палау Блауграна“.

Во победата на Олимпија свој скромен удел имаше и македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ. Нашиот репрезентативец имаше пет поени за 11 минути на паркетот. 

Голема победа забележа Црвена Звезда во „братскиот“ дуел против Олимпијакос со 87-73. Српскиот тим во белградскиот пекол на „Штарк Арената“ го совлада фаворитот од Грција. Со одличен тимски перформанс Звезда стигна до голем подвиг, Недовиќ уфрли 18, Калиниќ 16, а по 12 поени имаа Давидовац, Мекинтајер и Митровиќ. Кај Грците се истакна Везенков со 19 поени.