• Иван Димовски
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го водеше Баерн Минхен до победа над Алба во Берлин (83-91) во третиот меч од финалната серија во шампионатот на Германија.
Средбата во Берлин понуди израмнета борба долго се играше егал, а пред полувремето Баерн поведе прв со посериосни девет разлика. Сепак, до одморот Алба намали на 40-43.
Во продолжението од средбата Баерн продолжи со подобрата игра, диктираше темпо и почесто водеше, а отпорот на домашните го скрши во завршната четвртина.
Димитријевиќ беше најдобар поентер на средбата, бидејќи за нешто повеќе од 23 минути уфрли 19 поени и подели седум асистенции до соиграчите. Перформансот на Нено беше клучен во победата на баварците и за возвраќање на брејкот, па сега неговиот тим е на победа до титулата.
Следниот меч од финалето се игра в петок во терминот од 20:30 исто така во „Убер Арената“ во Берлин.

