ВИДЕО: Нено како прав лидер, даде кош во последните секунди за победа на Валенсија

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра нова одлична партија во Ендеса лигата и беше најзаслужен за победата на својот тим Валенсија на гостувањето кај Андора.

Во рамките од седмото коло на шпанскиот шампионат, Валенсија извојува тесна победа од само еден поен разлика, 75-76, и тоа благодарение на нашиот Димитријевиќ. Популарниот Нено во последните секунди од натпреварот ги презеде работите во свои раце и како вистински лидер, со соло акција, постигна два поени, кои ѝ донесоа голема победа на својата екипа.

  • Клучните поени на Димитријевиќ против Андора:

Инаку, македонскиот плејмејкер натореварот го заврши со 14 поени, шест скока и две асистенции.