• Иван Димовски
Кошаркарите на Уникс Казан се пласираа во полуфиналето на руската ВТБ лига, откако со „метла“ ја исфрлија екипата на Самара во серијата „прв до три“. Ненад Димитријевиќ и соиграчите славеа и на првиот гостински меч со убедливи 67-90 и рутински ја завршија задачата за пласман во полуфиналната фаза.
- Извештај од натпреварот:
Самара парираше во првото полувреме, меѓутоа потоа немаше сили против поквалитетниот ривал. Уникс се наметна и беше подобар противник на паркетот, па на крајот слави со убедлива разлика.
Ненад Димитријевиќ одново беше еден од најдобрите на паркетот и уфрли 15 поени за речиси 29 минути игра. Во неговиот тим со по 17 поени се истакнаа Лабери и Реинолдс.
Во полуфиналето на ВТБ лигата екипата на Уникс оди во серија против Локомотив Кубан кој исто така со 3-0 ја исфрли Парма Перм.