Нено Димитријевиќ со топ премиера со Арис во Еврокупот

Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ имаше добар старт на настапите со Арис во Еврокупот во новата сезона.

Грчкиот тим победи на гостински терен кај Ле Ман во Франција со резултат 87-74. Фаворитот имаше контрола на натпреварот од почетокот до крајот.

Димитријевиќ на теренот помина нешто повеќе од 22 минути, за кои постигна осум поени и забележа уште четири скока и четири асистенции.

Во следното коло, Арис ќе му биде домаќин на Бургос од Шпанија.