Ненад Димитријевиќ со „дабл-дабл“ во дербито со Зенит во ВТБ-лигата

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше одличен настап за Уникс Казан во дербито на колото во ВТБ-лигата.

Уникс успеа да слави на драматичен начин против Зенит (95-94) и така тимот ја забележа четиринаесеттата победа. Димитријевиќ имаше забележителен настап со „дабл-дабл“ учинок од 11 постигнати поени (4/8 за два, 3/4 слободни), со уште десет асистенции.

Уникс Казан е втор на табелата во ВТБ-лигата со 14 победи и два порази. Лидер на табелата е ЦСКА Москва која има 15/15, а е предводена од македонскиот тренер Емил Рајковиќ.