• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ игра одлично во Русија и редовно е меѓу најдобрите играчи на Уникс Казан кога се говори за статистичките параметри.
Во најновиот дуел во ВТБ-лигата, екипата на Уникс беше подобра од Тсмоки Минск (58-54), а Димитријевиќ беше лидер на неговиот тим. Плејмејкерот даде вкупно 22 поени и се издвои како најдобар поентер на мечот.
Во следното коло Димитријевиќ и Уникс во ВТБ-лигата одат на мегдан со ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ. И двете екипи немаат пораз.